Агенција за млади и спорт
 
International Committee of Sports for the Deaf
 
European Deaf Sport Organization
 
ffm logo new
 
Телевизија Алсат М
 
Посетете го нашиот профил

Кој е тука

Имаме присутни 65 гости и нема членови

jovo

1932-2015

Јован Момировски е роден на 21.09.1932 во Ниш, Кралство Југославија. Потекнува од семејство од Охрид, Македонија, кое заради службата на татко му Наум често го менувало местото на живеење.

Спортската, фудбалска кариера ја започнал во Белград во клубот „Наша Крила“Кариерата ја продолжува во Македонија во ФК „Металец“ и кратко време во ФК „Вардар“. Како истакнат фудбалер од 1953 до 1965 е репрезентативец во фудбалската репрезентација на Југославија на глуви лица. Како репрезентативец учествувал на Светските олимписки игри на глуви лица (денешни Deaflympics) е носител на четири златни медали во фудбал, и тоа

 

Bruxselles 1953

Milano 1957

Helsinki 1961

Washington D.C 1965

Активен учесник е на стручниот штаб  и во подготовките на Светските игри на глуви во Белград 1969 година кога фудбалската репрезентација на Југославија во фудбал  повторно освојува златен медал.

Основач е и идеен лидер на ФК „Скобода“ на глувите од 1951 год. За својот придонес во спортот одликуван е во некогашната Југославија со орден за заслуги за народ со сребрени зраци. За време на независна Република Македонија добитник е на Национално спортско признание од страна на Агенцијата за млади и спорт. Фудбалски сојуз на Македонија во два наврати му додели златна плакета и статуета за особен придонес за фудбалскиот спорт во Македонија, како и за животно дело.

Јован Момировски е најтрофеен спортист во Република Македонија. За некои, тој е спортист на векот, за некои спортска легенда. Нека му е вечна слава.