Агенција за млади и спорт
 
International Committee of Sports for the Deaf
 
European Deaf Sport Organization
 
ffm logo new
 
Телевизија Алсат М
 
Посетете го нашиот профил

Кој е тука

Имаме присутни 8 гости и нема членови

2Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски денес оствари средба со претставниците на Националната спортска федерација на глуви на Македонија која ќе учествува на 23-те Олимписки игри на глуви во Самсун, Турција.

- Претстојните Олимписки игри ќе бидат одлична можност уште еднаш да ги покажете вашите квалитети. Ви ќе докажете дека Македонија не е заборавена на европската мапа на спортовите како што се атлетиката, пливањето и стрелаштвото. Знам дека изминатиот период имавте одредени проблеми при вежбањето и тренирањето. Ние како Агенција за млади и спорт и јас како нов директор, Ќе дадеме се од себе истите да ги отстраниме. Со вашата храброст, мотивираност, енергија и спортски дух вие сте веќе победници за нас. Македонија се гордее со вас, верувајте во себе, знам дека ќе успеете, истакна Каевски и им посака успешен настап на олимпијците.

Македонски претставници на Олимпијадата за глуви ќе бидат: Андријана Грковска (стрелаштво, дисциплина 10м воздушен пиштол и знаменосец на македонското знаме), Светлан Седмаков (воздушен пиштол 10м), Андреј Стојаноски (пливање, дисциплини 400м слободно, 400м мешано, 1500м), Давор Талевски и Самир Цеховиќ (атлетика, дисциплина 100м и 200м).

Постои потреба за вистинско подобрување на условите во кои спортуваат спортистите, истакнаа претставниците на федерацијата и дополнија дека има можност за организација на сезонски кампови и турнири кои ќе бидат начин за континуиран напредок на овие спортисти.

На приемот се говореше и за започнување на кампања која ќе ги привлече младите спортски таленти со овој тип на хендикеп, со цел полесна нивна социјализација во општеството и притоа да дадат придонес во македонскиот спорт.

Раководството на Агенцијата за млади и спорт потенцираше дека во претстојниот период ќе се интензивира соработката со Националната спортска федерација на глуви во Македонија.