Агенција за млади и спорт
 
International Committee of Sports for the Deaf
 
European Deaf Sport Organization
 
ffm logo new
 
Телевизија Алсат М
 
Посетете го нашиот профил

Кој е тука

Имаме присутни 217 гости и нема членови

Светско првенство во фудбал 2010 Видео записи од сите 64 натпревари на ФИФА 2010 купот во Јужна Африка ќе бидат емитувани на меѓународниот знаковен јазик на веб страната www.fifa.com .

За прв пат, официјалната страна на ФИФА и Светскиот куп на ФИФА ќе им овозможат на глувите и наглувите лица ширум светот да ги следат сите 64 натпревари многу поразбирливо.

 „Фудбалот е универзален спорт и мора да му биде достапен на секого. Затоа сме пресреќни да им ја понудиме оваа услуга на сите луѓе кои имаат проблем со слухот“, вели претседателот на ФИФА Џозеф С Блатер. „Со овие видеа на меѓународен знаковен јазик, ФИФА им служи на потребите на повеќе од 70 милиони луѓе.“

Сите видеа со овие натпревари ќе бидат достапни на официјалниот вебсајт на ФИФА, FIFA.com веднаш после секој одигран меч.