Агенција за млади и спорт
 
International Committee of Sports for the Deaf
 
European Deaf Sport Organization
 
ffm logo new
 
Телевизија Алсат М
 
Посетете го нашиот профил

Кој е тука

Имаме присутни 7 гости и нема членови

Агенција за млади и спорт на РМНационалната Спортска федерација на глуви на Македонија, преку Агенцијата за млади и спорт на РМ, обезбеди 6 стипендии на млади глуви спортисти за период од една година. Ова треба да биде мотив повеќе и за другите млади глуви спортисти за во наредниот период што повеќе да се ангажираат во спортовите за кои се интересираат. Раководството на спортската федерација на глуви секогаш ќе помага во развојот на младите спортисти во рамките на своите можности.

Подетални информации и можности за вклучување во спортските активности можете да добиете од генералниот секретар Дамир Розман, преку нашиот веб сајт или преку нашиот профил на Facebook.

Добитници на стипендијата „Спортска надеж“ се:

1. Андреј Стојановски - пливање

2. Горазд Анастасов - багминтон

3. Гордана Стаматоска - багминтон

4. Стефан Гиков - футсал и фудбал

5. Енгин Османовски - футсал и фудбал

6. Илијас Мухединов - футсал и фудбал

Одлуката за стипендирање е објавена во Службен весник на РМ бр. 124 од 14.09.2011 година.

Стипендисти