Агенција за млади и спорт
 
International Committee of Sports for the Deaf
 
European Deaf Sport Organization
 
ffm logo new
 
Телевизија Алсат М
 
Посетете го нашиот профил

Кој е тука

Имаме присутни 46 гости и нема членови

На 18-ти Ноември 2011 година, делегација на Националната спортска федерација на глуви на Македонија оствари средба со директорот на Агенцијата за млади и спорт - Г-дин Лазар Поповски.

Во подолгата средба која се одржа во Агенцијата, директорот беше запознат со работата на Федерацијата, постигнатите спортски резултати и проблемите со кои се соочува. Во пријатниот разговор, доминираа темите за местото и улогата на глувите спортисти во Македонија и на меѓународен план, финансиската ситуација, доделување на спортски признанија на тројца наши спортисти - освојувачи на Светски првенства (сега Олимпијади), доделување на стипендија и категоризација на нашиот пливач Андреј Стојановски и неговиот тренер за освојувањето на 7-ми и 8-мо место на Светското првенство во пливање во Коимбра - Португалија, како и за многу други спортски теми.

Делегацијата ја претставуваа претседателот Тихо Русовски, Генералниот секретар - Дамир Розман и толкувачот Спиро Ристовски.

Лазар Поповски и Тохо Русовски

Претседателот Тохо Русовски со директорот на АМС - Г-дин Лазар Поповски