Агенција за млади и спорт
 
International Committee of Sports for the Deaf
 
European Deaf Sport Organization
 
ffm logo new
 
Телевизија Алсат М
 
Посетете го нашиот профил

Кој е тука

Имаме присутни 16 гости и нема членови

НАЦИОНАЛНО СПОРТСКО ПРИЗНАНИЕ
за Јово Момировски,Страхил Николовски и Ганчо Стојменовски
По тригодишно докажување и документирање, конечно и сосема заслужено во друштво на Владимир Богоевски, Дарко Панчев, Атина Бојаџи, Индира Кастратовиќ, Ацо Русовски и други македонски спортски ѕвезди, се најдоа и нашите глуви спортисти: Јово Момировски, Страхил Николовски и Ганчо Стојменовски, освојувачи на златни медали во фудбал со репрезентацијата на поранешна Југославија, на олимпијадите за глуви.
Посебна благодарност до Директорот на Агенцијата за млади и спорт М-р Лазар Поповски,кој со своето доаѓање на чело на агенцијата, вети дека позитивно ќе го реши ова прашање.
Секако треба да се истакне и ангажирањето на поранешниот и сегашниот претседател на Национална спортска федерација на глуви на Македонија Нанчо Трајанов и Тихо Русовски, како и целосно обезбедување на потребната документација од ICSD-DEAFLYMPICS, EDSO, и повеќе европски држави, кои го комплетираа Ана Момировска и Генералниот секретар Дамир Розман.
Во наредните денови на нашата веб страна ќе бидат објавени биографиите на овие наши тројца врвни спортисти.

jovo

sloboda2