Агенција за млади и спорт
 
International Committee of Sports for the Deaf
 
European Deaf Sport Organization
 
ffm logo new
 
Телевизија Алсат М
 
Посетете го нашиот профил

Кој е тука

Имаме присутни 33 гости и нема членови

logo1Во Агенцијата за млади и спорт, на 29.01.2013 година се одржа прес конференција во организација на Агенцијата и Националната спортска федерација на глуви на Македонија, по повод Олимписките игри за глуви - DEAFLYMPICS, кои оваа година ќе се одржат во Софија - Бугарија.
Во продолжение ја пренесуваме изјавата на Директорот на Агенцијата за млади и спорт, г-дин Лазар Поповски.

Еден атлетичар, еден пливач и двајца во бадминтон ќе не претставуваат на 22-те Летни олимписки игри за глуви спортисти во Софија, следното лето. Со ова Македонија покажува грижа за сите делови од нашиот спорт, а во истовреме, се надева и на нови добри резултати на талентите без оглед на нивниот хендикеп.

Тројца од четворицата што ќе бидат наши репрезенти во Софија од 27 јули до 4 август се дел од програмата за стипендирање на АМС.
Го следиме нивниот напредок и достигнувања, и задоволни сме од ентузијазмот и упорноста на тренинзите и напреварите. Потребно е само сите да се вклучат во помагање на овие млади таленти - рече директор на АМС, Лaзар Поповски на денешната прес средба.
Подготовките на Андреј Стојановски, Јасин Алими, Горазд Анастасов и Гордана Стаматовска се во тек и поради опсежноста бараат помош од сите можни структури во државата и од бизнис секторот. Нашите глуви спортисти одат на Deaflympics, но со добра работа, од нив во иднина може да се очекува и настап на вистинските Олимписки игри.