Агенција за млади и спорт
 
International Committee of Sports for the Deaf
 
European Deaf Sport Organization
 
ffm logo new
 
Телевизија Алсат М
 
Посетете го нашиот профил

Кој е тука

Имаме присутни 100 гости и нема членови

На 29.04.2013 година, на седница на Собранието на Националната спортска федерација на глуви на Македонија, со задоцнување (одлуката е донесена 2010 година), доделени се златни плакети, за развој на спортот на глуви лица во Македонија, како и на меѓународен план.
Златните плакети се доделени на Никола Огненов, поранешен претседател на Националниот сојуз на глуви и наглуви на Македонија за неговиот придонес во спортот на глуви и на Нанчо Трајанов - првиот претседател на Националната спортска федерација на глуви на Македонија.
Досегашни добитници на ова признание се Јово Момировски - спортист на 20-тиот век, носител на 4 златни олимписки медали, и Георги Грујевски - генерален секретар на НСГНРМ, за 25 години активно учество во развојот на спортот на глувите лица.