На 25.03.2014 одржано е Изборно Собрание на НСФГМ, на кое учествуваа сите делегати, избрани во своите општински спортски здруженија. Од предложените 15 кандидати за избор на Извршниот одбор, избрани се 7:
Пепица Стојкова - Кавадарци, Тихо Русовски - Скопје, Стојан Панов - Скопје, Радмила Периќ - Гевгелија, Томе Стојаноски - Прилеп, Мартин Ангелов - Битола и Фикрет Мехмед - Скопје.
Извршниот одбор на посебна седница, за нов (стар) претседател го избра Тихо Русовски, а за потпредседател Радмила Периќ.