Агенција за млади и спорт
 
International Committee of Sports for the Deaf
 
European Deaf Sport Organization
 
ffm logo new
 
Телевизија Алсат М
 
Посетете го нашиот профил

Кој е тука

Имаме присутни 64 гости и нема членови

АНДРЕЈ СТОЈАНОСКИ АПСОЛУТЕН ПОБЕДНИК НА 33-ти ИЛИНДЕНСКИ МАРАТОН
andrej1По повод државниот празник 2 август,се одржа традиционалниот по 33-ти пат,Илинденскиот маратон во Охрид.
Нашиот глув пливач за прв пат победи на овој маратон и тоа во апсолутна конкуренција, за што беше прогласен и за најдобар пливач.
Мораме да напоменеме, дека сите негови успеси, на домашен и меѓународен план, за жал, се поддржани само од неговите родители.
Догодина е DEAFLYMPICS, олимпијадата на глуви, каде од Андреј се очекуваат врвни резултати.
Се надеваме дека надлежните институции во Македонија конечно ќе сфатат дека спортистите се наши најдобри амбасадори, а особено Андреј, кој од секој меѓународен настап се враќа со неколку медали, а не ретко е прогласуван и за најдобар пливач на натпреварите!