Агенција за млади и спорт
 
International Committee of Sports for the Deaf
 
European Deaf Sport Organization
 
ffm logo new
 
Телевизија Алсат М
 
Посетете го нашиот профил

Кој е тука

Имаме присутни 51 гости и нема членови

Домашни првенства

Националната Спортска Федерација на глуви на Македонија и Националниот Сојуз на глуви и наглуви на Македонија, на 01.10.2011 година (сабота), традиционално ќе ја организираат спортската манифестација „Одбојка на плажа 2011“ и „Баскет 2011“. Манифестацијата ќе се одржи во хотел „Далјан“- Охрид. Како и секоја година, така и оваа, очекуваме голем одзив кај глувите спортисти од цела Македонија.

Одбојка на плажа и Баскет 2011

Националната спортска федерација на глуви на Македонија во својата програма за 2010 година, како нов спорт го планираше Одбојка на плажа. За таа цел неофицијално беа извршени разговори со Хотелот на глуви „Далјан“ во Охрид, за изградба на таков терен.

Управата на хотел Далјан оваа година го реализира проектот за изградба на спортски терен, кој се наоѓа до самото Охридско езеро.

Игралиштето веќе го користат групи кои летуваат во хотел Далјан.

Во наредниот период НСФГМ за доизградба на игралиштето, пристапни патеки, трибини и слично, ќе се обрати до Агенцијата за млади и спорт за обезбедување потребните средства.

НСФГМ планира во средина на септември да организира спортска манифестација „Одбојка на плажа 2010„ во соработка со Националниот сојуз на глуви и наглуви на Македонија.

По Европското првенство, пливачот Андреј Стојановски продолжува со успеси. Викендов се одржа летното Државно првенство на Македонија во пливање, каде Андреј е прогласен за „најдобар кадет“ со освоени 5 први, 3 втори и 4 трети места.

Државно првенство на Македонија

Сенат Османовски

На поединечното државно првенство во атлетика кое се одржа на новата патека во Охрид,нашиот олимпијец Сенат Османовски,постигна извонреден резултат,освојувајќи го 3-тото место во Македонија.

Подкатегории