Агенција за млади и спорт
 
International Committee of Sports for the Deaf
 
European Deaf Sport Organization
 
ffm logo new
 
Телевизија Алсат М
 
Посетете го нашиот профил

Кој е тука

Имаме присутни 111 гости и нема членови

Домашни првенства

Во одлична организација на Основното училиште за глуви деца Кочо Рацин се одржа финалето на 7-то државно првенство во пинг понг.

Учествуваа 12 пинг-понгари во машка и 8 пинг-понгарки во женска конкуренција.

За разлика од машка конкуренција,во женската има голем напредок,каде освојвачките на првите три места се млади спортистки, за кои допрва се очекуваат високи резултати и доколку продолжат и во наредниот период, некоја од нив може да биде и евидентирана за олимписки кандидат за Олимпијадата на глуви, која ќе се одржи 2013 во Атина-Грција.

Отворено првенство на Македонија во шахОд 18.07 до 26.07.2009 година во Струга се одржа Отвореното државно првенство во шах. На него учествуваа 30 шахисти меѓу кои и нашите членови: Милан Спирковски и Мице Башески. За жал, нашите шахисти, ос нивниот пласман, не ги оправдаа очекувањата, односно, Милан Спирковски го зазеде 27-мото место со освоени 2,5 поени, а Мице Башески - последното 30-то место со освоени 0,5 поени.

Андреј СтојановскиНа традиционалниот „Мал маратон“, кој секоја година се одржува во Охрид по повод 2-ри Август, на кој учествуваа 76 пливачи од 6 земји, во конкуренција на пливачи до 16 години, нашиот олимпиец Андреј Стојановски го освои второто место. Сребрениот медал и пехарот за освоеното место му ги врачи истакнатиот македонски пливач - Александар Маленко. Овој маратон се пливаше од хотел „Парк“ до пристаништето во Охрид. Успехот на нашиот пливач се должи на неговата упорна работа и на огромната поддршка од страна на раководните органи на нашата организација. Овој резултат ветува дека од Андреј можеме да очекуваме високи постигнувања на Олимпијадата во Тајпеј.

 

Подкатегории