Агенција за млади и спорт
 
International Committee of Sports for the Deaf
 
European Deaf Sport Organization
 
ffm logo new
 
Телевизија Алсат М
 
Посетете го нашиот профил

Кој е тука

Имаме присутни 46 гости и нема членови

1На Мундијалот во тексашкиот град Сан Антонио, Андреј Стојаноски патеката од 1.500 метри слободно ја мина за 16 минути, 57 секуни и 13 стотинки.
Андреј Стојаноски (20) освои сребрен медал на Светското првенство за глуви што заврши во тексашкиот град Сан Антонио, во САД. Тој имаше најдобар резултат во квалификациите со кој се пласира во финалето на трката од 1.500 метри слободно и со време од 16 минути, 57 секунди и 13 стотинки го освои второто место во дисциплината во која имаше најголеми очекувања. Напорната работа на долги патеки со тренерот Марјан Соколовски му донесе успех на најдолгата патека во базените.
Победник на трката е Полјакот Артур Пиоро, а бронзата ја освои украинецот Иван Зиненко.
 
 
 
„Многу сум среќен што по напорната повеќегодишна работа му се оствари сонот - да се закити со медал на големо натпреварување. И самиот сум многу задоволен што се валоризира нашата заедничка работа“, ни изјави тренерот на Стојаноски, Марјан Соколовски. 
Стојаноски со тоа го круниса одличниот настап на ова СП во кое се пласира во четири финални трки. Освои едно петто место - на 400м слободно, едно седмо - на 400м мешано и едно осмо - на 200м слободно.