Агенција за млади и спорт
 
International Committee of Sports for the Deaf
 
European Deaf Sport Organization
 
ffm logo new
 
Телевизија Алсат М
 
Посетете го нашиот профил

Кој е тука

Имаме присутни 97 гости и нема членови

Во четврток вечерта на единствен и величествен начин беше затворена 21-та олимпија на глуви во Тајпеј - Тајван, а олимпиското знаме беше предадено на следниот домаќин Атина во 2013година.

Donalda Amos претседател на Deaflympics

Дел од свеченото затворање

Затворањето беше специфично - на теренот беа поставени луксузни маси за сите учесници, и додека траеше програмата на свечено затворање, пред 23000 гледачи 1000 келнери ги послужуваа спортистите на теренот со специјалитети на кинеската кујна и освежителни пијалоци.

Дел од свеченото затворање

Дел од свеченото затворање

Дел од свеченото затворање

Што се однесува до резултатите мора да бидеме задоволни од постигнатот. Ниеден наш спортист не потфрли, сите тројца далеку ги надминаа рекордите на глуви во Македонија и со своите пласмани го оправдаа учеството на Олимпијадата.

Пред се во прв план е 15 годишниот пливач Андреј Стојаноски, кој со своето 12-то место на 1500м  слободно е најуспешен македонски глув спортист на досегашните олимпијади. За 4 години од Стојаноски со право ќе се очекуваат медали.

 Стојаноски Андреј

Атлетичарот  - спринтер Османовски Сенад и кугларот Зекманов Методија, кој за прв пат учествуваат на меѓународни натпревари и тоа директно на олимпијада ќе имаат 4 години време за добри подготовки и време да ги покажат вистинските квалитети со пласман во финале односно мастерс.

Зекманов МетодијаОсмановски Сенат

Од вкупно 98 земји учеснички, медали освоија 55 држави. Вкупно беа поделени 559 медали од кои:178 златни, 176 сребрени и 205 бронзени медали во 19 спорта.

Медали

Националната спортска федерација на Македонија до сите медиуми ќе достави ДВД од свеченото отварање и ќе остави простор сами да прокоментираат за значењето на овој настан во светот, како и за односот на надлежните фактори кон глувите спортисти во Македонија.