Агенција за млади и спорт
 
International Committee of Sports for the Deaf
 
European Deaf Sport Organization
 
ffm logo new
 
Телевизија Алсат М
 
Посетете го нашиот профил

Кој е тука

Имаме присутни 27 гости и нема членови

Репрезентација на МакедонијаНа најстариот традиционален турнир во футсал за глуви за деца до 16 години, Словаците уште еднаш се посрамотија, по она првото - откажувањето на Зимската Олимпијада на само неколку дена пред почетокот. Во Прешов - Словачка, каде се одржа овој турнир, домаќините - словаците повторно се покажаа како лоши домаќини и слаби организатори, а тоа најмногу го почувствуваа неколку репрезентации - учесници на турнирот.

Имено, за учество на турнирот, од секакво плаќање беа ослободени Словачка, Чешка, Полска и Бугарија (наводно се работело за некој проект), додека Македонија, Азербејџан и Казахстан, треба да платат скромни средства.

Во последен момент своето учество го откажаа повеќе репрезентации.

Македонија добро стартуваше на турнирот: со Казахстан 1:1, со Азербејџан 3:1, со Полска 1:2, со Словачка 2:3. Последниот натпревар требаше да се игра со Бугарија, апсолутен аутсајдер, кој сите натпревари ги загуби со 10 до 15 гола разлика.

Бидејќи Македонија со победата над Бугарија ќе обезбедеше пласман во полуфиналето, а домаќинот ќе отпаднеше, не информираа дека треба да платиме за сместувањето, неколку пати поголема сума. По ова Македонија веднаш го напушти турнирот.

Репрезентацијата на глуви на Македонија во футсал ја представуваа учениците од училиштето за глуви деца „Кочо Рацин“ од Битола.

Репрезентација на Македонија

Репрезентација на Македонија

Репрезентација на Македонија

Репрезентација на Македонија