Агенција за млади и спорт
 
International Committee of Sports for the Deaf
 
European Deaf Sport Organization
 
ffm logo new
 
Телевизија Алсат М
 
Посетете го нашиот профил

Кој е тука

Имаме присутни 38 гости и нема членови

mascote-Coimbra-2011Дали Националната спортска федерација на глуви на Македонија чекори кон првиот медал?

По 14-тото место на Европското првенство во футсал, одржано во Москва - Русија и 12-тото на Светското првенство во футсал одржано во Софија - Бугарија, Андреј Стојановски во 2009-тата година на Олимписките игри за глуви во Тајпеј - Тајван, наговести дека неговото време и успеси доаѓаат. Тоа го потврди на Светското првенство во пливање во Коимбра - Португалија кое заврши на 14-ти август, оваа година. Со извонредните резултати во пливање: 8-мо место на 200 метри слободно, 7-мо место на 1500 метри слободно и 9-то место на 400 метри слободно, со само 17 години Андреј Стојановски во моментов е најголема надеж во спортот на глувите и во наредниот период можеме да очекуваме медал од големите европски и светски првенства и олимпијадите.

Андреј СтојановскиНас ни останува надежта дека не организациите, туку поединци еднаш веќе ќе сфатат дека спортот е најдобриот амбасадор на Македонија и дека глувите преку спортот ќе се афирмираат и на меѓународен план.

За жал, оваа година во спортот на глуви, Македонија знаме виореше само во Португалија, благодарејќи му на Андреј Стојановски и неговите родители.

За успесите на Андреј, повеќе информации ќе објавиме по неговото пристигнување во Скопје од Португалија.