Агенција за млади и спорт
 
International Committee of Sports for the Deaf
 
European Deaf Sport Organization
 
ffm logo new
 
Телевизија Алсат М
 
Посетете го нашиот профил

Кој е тука

Имаме присутни 43 гости и нема членови

ЗА ТРИ СЕКУНДИ МИ СЕ ЛИЗНА ОЛИМПИСКИ МЕДАЛ

sofija1

Светот на тишината има нешто со желбата за успех и самодокажувањето, всушност се дополнуваат. Македонија деновиве за само три секунди ќе имаше олимписки медал во пливање. Во Софија пред неколку дена завршија Олимписките игри за глуви, нашата скромна екипа, тројца натпреварувачи, со уште поскромен буџет, ги оставија зад себе големите пливачки гиганти Kанада, Австралија, Америка, Велика Британија, Украина, Унгарија. Светот на деветнаесетгодишниот Андреј Стојаноски е неверојатна желба за успех. Но, за само три секунди побрзо Италијанецот Германо Лука, исплива 1.500 метри слободно и го допре крајот на базенот.

Андреј, кој тренира пливање осум години во Скопје, годинава беше единствениот македонски претставник на оваа олимпијада.

- За оваа олимпијада работев напорно две години. Секој ден по два тренинга. Бев мотивиран и посакував успех. Ова 4. место за мене е голем успех, но признавам дека се разочарав бидејќи медалот ми избега за малку, но тоа ќе ми биде мотив да работам повеќе за следната олимпијада во Турција, за 4 години. Ќе освојам медал - вели Андреј.

Ова момче е гордост за родителите. Треба да се спомене и неговиот тренер Марјан Соколовски, од клубот „ Акватик “. 

- Тој е совршено дете, уште подобар пливач. Тренира редовно, не одбива задача. Заслужи медал, иако пред да одиме на Олимпијадата, според пријавените времиња и на другите пливачи, тој требаше да биде петти или шести, но постигна личен рекорд - вели тренерот Соколовски.

Андреј може да се натпреварува и на редовни првенства на Македонија и да брка норма за редовна олимпијада. Тој засега е единствениот пливач што не слуша, но и единствениот што бил толку блиску до својот сон - олимписки медал. Тој е момче на кое се покажува и зад чиј грб се зборува, но не затоа што нешто му недостасува, туку затоа што во него се верува. Андреј е новото име на македонското спортско небо, навиваме и се надеваме дека за 4 години, неговиот олимписки медал ќе свети од тоа небо за сите нас. 

Автор: Марија Тасев

Извор: Дневник (online издание)