Агенција за млади и спорт
 
International Committee of Sports for the Deaf
 
European Deaf Sport Organization
 
ffm logo new
 
Телевизија Алсат М
 
Посетете го нашиот профил

Кој е тука

Имаме присутни 6 гости и нема членови

Меѓународни настапи

02На традиционалниот меѓународен футсал турнир, кој се одржа во Марибор - Словенија, фудбалерите на СДГ Слобода, воглавно млади репрезентативци, го освоија одличното 2-ро место.
За тимот на СДГ Слобода настапија: Милош Наумовски, Сатула Алими, Јасин Алими, Агим Мерсини (капитен), Илијас Бахтијар, Бојан Ангелов, Марјан Стевоски, Стефан Ѓиков, Илијас Мухединов и Никола Јовчевски. Тренер Борче Боев, Претседател на НСФГМ - Тихо Русовски, Генерален секретар на НСФГМ - Дамир Розман и толкувач Спиро Ристовски.

sloboda6На 25.05.2013 се одржа традиционалниот футсал турнир, во организација на СДГ Слобода и Националната спортска федерација на глуви на Македонија. Натпреварите се играа во Арената Борис Трајковски во Скопје.
На турнирот земаа учество 6 екипи од Македонија, Србија и фудбалери од Турција, кои ги засилија некои домашни тимови.
Победник на турнирот е екипата од Ниш - Србија.
За 3-то место играа: Скопје - Кавадарци 6:3
Финале СДГ Слобода - Ниш 1:2

За прв пат на Скопскиот маратон учествуваа и глуви спортисти. Националната спортска федерација на глуви на Македонија имаше претставници и во машка и женска конкуренција на 5000 м. на Скопскиот маратон, кој се одржа на 06.05.2012 година.
Во женска конкуренција, Христина Станковска го освои 169 место во конкуренција на 328 атлетичарки, додека Цветан Станковски го освои 365 место во конкуренција на 1447 атлетичари.
Им честитаме на овој голем успех за спортот на глуви.
 
kristina1 cvetan
 

Подкатегории