Агенција за млади и спорт
 
International Committee of Sports for the Deaf
 
European Deaf Sport Organization
 
ffm logo new
 
Телевизија Алсат М
 
Посетете го нашиот профил

Кој е тука

Имаме присутни 11 гости и нема членови

Грб на СДГ „Слобода“Далечната 1951 година формирано е Спортското друштво на глуви „Слобода“. Како основачи на клубот ги бележиме имињата на Јово Момировски (кој е избран и за прв претседател на СДГ „Слобода“), Душко Хаџиниколовски, Славко Лазаревски, Киро Петровски, Илија Стратовски, Азири Зејнула, Ристо Ристовски и други.
Најголеми успеси на СДГ „Слобода“ пред се е Државен првак за глуви во поранешна Југославија, во 1958 година. Три пати второ пласиран во Македонска регионална лига, како и Куп натпреварите со Работнички и Југококта (0-1) - 1972 година и Шумадија (Аранѓеловац) - Слобода (1:4).
Првиот состав на СДГ „Слобода“
Првиот званичен натпревар СДГ „Слобода“ го одигра 1951 година во Белград, каде е победена соодветната екипа на Београд со 2:0.
Позначајни фудбалски победи се:
Загреб: Загреб-Слобода 0:5 (1955)
Ниш: Србија-Слобода 0:1 (1971)
Солун: Солун-Слобода 1:3 (1978)
Варшава: Полска-Слобода 2:5 (1981)
Минхен: Минхен-Слобода 2:5 (1987)
Еден од најзначајните натпревари и победи, секако е фудбалскиот натпревар одигран 1959 година на Градскиот стадион во Скопје пред 8.000 гледачи Слобода - Атина 5:0.
Натпревар на Градски: Слобода - Атина 
Од формирањето на СДГ „Слобода“ па до денес, неговото постоење го одбележаа повеќе фудбалски имиња на чело со легендарниот Јово Момировски, пред се: Митко Колев, Илија Богдановски, Ристо Георгиевски, Душко Симоновски, Миомир Шуњевиќ, Драгољуб Маневски, Раде Богдановски, Тони Бочиновски, Фикрет Мехмеди и многу други, кои играа и во клубови низ целата држава.
Фудбалскиот клуб на глуви ”Слобода”, даде и многу репрезентативци на поранешна Југославија за глуви фудбалери како што се Јово Момировски, Страхил Николовски, Ганчо Стојменовски, Киро Петровски, Ристо Ристовски, Стојан Парлов, Славко Лазаревски, Тоде Клинаров и други.
Македонските фудбалери беа носители на играта на фудбалската репрезентација на глуви на поранешна Југославија и заслужни за четирите титули - Светски фудбалски прваци за глуви.
1953 Брисел (Белгија): Југославија - Италија 2:1, стрелец на двата гола за Југославија беше Јово Момировски;
1957 Рим (Италија): Југославија - Италија 3:1, стрелец на два гола за Југославија беше Јово Момировски;
1961 Хелсинки (Финска): Југославија-Англија 3:1, Момировски стрелец на еден гол;
1965 Вашингтон (САД): Југославија - Англија 3:1, Момировски стрелец на два гола.
За репрезентацијата на поранешна Југославија Момировски одигра 61 натпревар (за постигнатиот број на погодоци не постои точна евиденција).
Со осамостојувањето на Македонија, формирана е Фудбалска репрезентација на глуви, воглавно од фудбалерите на СДГ „Слобода“.
СДГ „Слобода“ 
Првиот натпревар се одигра 1993 година во Београд:
Југославија - Македонија 1:2, стрелци: Наум_Пупоски и Мирсат Ариф. Реваншот се одигра по 4 години 1997 години во Скопје;
Македонија - Југославија 1:3, стрелец: Илија Илиевски;
Првиот званичен фудбалски натпревар, репрезентацијата на Македонија го одигра на квалификациите за Европско првенство во фудбал за глуви 1999 година. Покрај Македонија, во групата беа и Шпанија и Словачка. Се играше еднокружно. Селектор на репрезентацијата беше Јово Момировски.
26.04.1998 Скопје: Македонија - Шпанија 1:1 (0:1)
Стрелец: Газмен Велиу (прв гол за репрезентација)
Црвен картон: Себастјан Зендел (прв жолт и црвен картон)
05.06.1998 Мадрид: Шпанија - Словачка 4:2 (3:0)
26.09.1998 Кошице: Словачка - Македонија 2:2 (0:1)
Стрелци: Стевче Петрушевски и Дејан Серафимовски
По водството на нашата репрезентација од 2:0 до 85 минута (со тој резултат се обезбедуваше пласман за завршницата на ЕП), Словаците за само 5 минути успеаа да изедначат, со што репрезентацијата на Шпанија го освои првото место во групата. ЕП се одржа во Осло - Норвешка, а Европски првак стана Италија која ја совлада Франција со 2:1. Нашиот противник од квалификациите Шпанија го освои 3 место со победата над Украина со 1:0.
За квалификациите за Европското првенство во фудбал 2003 година, со жребката извршена 2002 година, Македонија требаше да игра во групата со Израел и Турција, меѓутоа поради немање финансиски средства, натпреварите беа регистрирани со службен резултат. ЕП се одржа 2003 година во Шпанија:
Финале: Германија - Италија 2:0
за 3 место: Франција - Ирска 2:1
Најтешкиот период за фудбалската репрезентација на Македонија за глуви и СДГ „Слобода“ беше периодот од 1998 до 2002 година. Фудбал за глуви лица во Македонија немаше. 
Со своите 75 години и долгиот фудбалски век, ентузијазмот и љубовта кон фудбалот, не го пензионираа Јово Момировски. Напротив тој упорно го одржуваше клубот, каде мал број на фудбалски ветерани се рекреираа.
Извадоци од дневен печат 
Во септември 2002 година, со влезот на Кометал - трејд на г-дин. Трифун Костовски во клубот и именување на координатор на клубот - Розман Дамир, за краток период, клубот започнува со припреми за натпревари во сезоната 2002/03 во Скопската фудбалска лига.
Периодот од четири години без натпревари силно се почуствува во играта и резултатите на СДГ „Слобода“. Под водството на Јово Момировски дојдоа и првите резултати, веќе во вториот дел од првенството. Иако е заземено последното место во лигата, играчкиот потенцијал ветуваше подобри резултати во наредната сезона.
Во сезоната 2005/06, постигнат е и најголемиот спортски успех во историјата на клубот - пласман во трета Македонска лига север.