Агенција за млади и спорт
 
International Committee of Sports for the Deaf
 
European Deaf Sport Organization
 
ffm logo new
 
Телевизија Алсат М
 
Посетете го нашиот профил

Кој е тука

Имаме присутни 12 гости и нема членови

Националната спортска федерација на глуви на Македонија е невладина спортска организација чија цел е развивање на спортот на глувите лица и достигнување на високи спортски резултати. 

 

Основачко Собрание

 

 Дел од работното претседателство: Јово Момировски, Дамир Розман и Виолета Апостоловска

 

(Извадок од дневниот печат) 

Извадок од дневен печат

 Формирана Спортска Федерација на глуви

Старт со повеќе од 1.500 членови

 Со одржување на основачкото Собрание, завчера беше формирана Спортската федерација на глуви на Македонија. На Собранието учествуваа делегати од 18 градови од Здруженијата на глуви, кои вкупно имаат повеќе од 1.500 членови. За прв претседател на оваа Федерација е избран Нанчо Трајанов од Валандово, а за секретар Дамир Розман, координаторот на СДГ „Слобода“. Четирикратниот првак од Олимпијадите за глуви, Јово Момировски, беше избран за почесен претседател на СФГМ. Со самото формирање на СФГМ, таа автоматски станува членка и на Европската спортска федерација на глуви, како и на Светскиот олимписки комитет за глуви.