Агенција за млади и спорт
 
International Committee of Sports for the Deaf
 
European Deaf Sport Organization
 
ffm logo new
 
Телевизија Алсат М
 
Посетете го нашиот профил

Кој е тука

Имаме присутни 14 гости и нема членови

ПРОГРАМА ЗА РАБОТА НА НАЦИОНАЛНАТА СПОРТСКА

ФЕДЕРАЦИЈА НА ГЛУВИ НА МАКЕДОНИЈА 

   Спортската федерација на глуви на Македонија, по одвојувањето од Сојузот на глуви и наглуви на Македонија во 2005 година, во изминатиот перид успеа организационо и кадровски да се стабилизира во фактор кој на спортски план има забележителни резултати.
Конгресите на EDSO и ICDS (DEAFLYMPICS), одржани во Братислава - Словачка од 10-14 Септември 2008 година беа смерница по кој пат треба да се движи Спортската федерација на глуви на Македонија (во понатамошниот текст СФГМ).
   Во изминатите три години, СФГМ собираше искуства и водеше политика на помал отпор. Бидејќи тој начин на работа не донесе финансиска стабилност, туку спротивен ефект на зависност на добрата волја на поединци и организации, СФГМ во 2009 ќе настапи енергично до сите владини институции, надлежни за успешното функционирање на оваа категорија на лица со инвалидитет, т.е. глувите лица - спортисти.
   Поучени од искуствата на повеќе европски држави, пред се на блиските пријатели од Бугарија, Хрватска, Словенија, Словачка и Русија. Со нивните примери треба да ја поставиме СФГМ на цврсти нозе, како во иднина не би размислувале како да организираме еден регионален натпревар, туку и целата енергија и знаење да ја насочиме кон повисоки цели, европски, светски првенства и олимпијади.  
   Со донесувањето на Законот за инвалидски организации, СФГМ треба веднаш да реагира и да ја започне процедурата за инвалидска спортска федерација, што со добра работа на теренот и евидентирањето на членството ќе прерасне во Национална инвалидска спортска федерација. Со завршување на цела оваа процедура, СФГМ финансиски ќе се стабилизира и ќе обезбеди редовен прилив на средства од буџетот на РМ.
   Во 2009 посебно треба да се интезивира соработката со Агенцијата за млади и спорт на Македонија.

Соработка со општинските здруженија 

   За спроведување на своите програмски задачи, како и организирање на спортски манифестации и натпревари, неопходна е координација со базата, која преку општински и регионални натпревари ќе ги организира глувите спортисти за учество на државните првенства.
Спортската федерација на глуви организирана е во 18 општински здруженија на глуви на административен план, со секретар, претседател и извршни одбори, кои според Статутот ги вршат и задачите на спортски план.
Здруженијата на спортски план се поделени во пет региона:
• Во првиот регион: Скопје - како најмасовна организација
• Во вториот регион: Тетово, Гостивар, Кичево и Дебар
• Во третиот регион: Прилеп (М.Брод), Битола (Ресен), Охрид и Струга
• Во четвртиот регион: Гевгелија, Кавадарци (Неготино), Велес и Куманово
• Во петтиот регион: Струмица (Радовиш), Штип, Кочани и Св. Николе
   Спортската федерација ќе ја координира целокупната работа на општинските здруженија, бидејќи се работи за нов систем на организирање.
   Исто така посебен акцент ќе се стави на едукација на постоечкиот кадар, за поуспешна реализација на програмските задачи.
   Општинските здруженија, ќе мора да предвидат соработка со локалната самоуправа, со Советите на Општините за обезбедување финансиска поддршка за реализација на програмските активности.

Соработка

   Спортската федерација на глуви на Македонија својата соработка ќе ја насочи кон сите сродни организации. Како приоритети би биле:
- Сојузот на глуви и наглуви на Македонија, со кои на заднички план ќе се организира административната работа, како и дел од финансиската поддршка за спроведување на програмските задачи.
- Национален совет на инвалидските организации на Македонија.
- Националното координативно тело за изедначување на правата и можностите на лицата со хендикеп во РМ, со свој делегат.
- Агенција за млади и спорт на РМ.
- Сојузот на спортски федерации на Македонија
- Федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Македонија.
- Министерство за труд и социјална политика, од кого ќе се бара препорака за нов корисник на средствата од игри на среќа, предвидени во Буџетот на РМ.
   Спортската федерација на глуви ќе соработува и со други спортски федерации со кои има заеднички интерес на спортски план.
   Во тек на годината ќе ја продолжи и зајакне својата соработка со:
- Фудбалската федерација на Македонија која во изминатите години и даде голема поддршка на Фудбалската репрезентација на глуви на Македонија.
- Спортското друштво на глуви „Слобода“
- Планинарското друштво на глуви „Скопје 63“
- Шаховскиот клуб на глуви Прилеп
- Центар за образование и рехабилитација „Кочо Рацин“ - Битола
- Центар за образование и рехабилитација „Партенија Зографски“ - Скопје.

Организирање на Државни првенства

   СФГМ во 2009 година ќе го продолжи организирањето на државните првенства.
Државните првенства ќе се организираат по пат на квалификации преку општински и регионални натпревари.
   Календарот на натпревари дополнително ќе биде прилог на програмата, а истиот ќе се реализира во зависност од обезбедените финансиски средства.

Фудбал

24-то државно првенство во футсал - мал фудбал -Кавадарци
- 16 екипи поделени во региони, финале 4 екипи
- ревијален натпревар пред финалето (ФК на глуви „Слобода“)
- ревијален натпревар жени
- ревијален натпревар на ветерани
Младински куп на играчи до 21 година - 4 региони
Број на учесници: околу 200.

Атлетски крос

По повод денот на глуви. Носител на натпреварот - Градска организација на глуви Скопје, со учество на спортисти од целата
Република. Број на учесници околу 100.

Пливање  

Носител на манифестацијата - Здружение на глуви - Охрид. Број на учесници околу 50.

Пинг понг

8-мо државно поединечно првенство, 5 региона – Битола. Завод за рехабилитација на деца со оштетен слух „Кочо Рацин“.
- мажи 16 финалисти
- жени 8 финалистки
Број на учесници околу 80

Стрелаштво - воздушна пушка

6-то државно првенство, поединечно, 5 региона
- мажи 16 финалисти
- жени 8 финалистки
Број на учесници околу 100.

Пикадо

- Државно првенство во машка и женска конкуренција. Број на учесници околу 70.

Спортски риболов

4-то државно првенство, носител Здружение на глуви - Струга. Број на учесници околу 30.

Куглање

1-во државно првенство, носител Скопје. Број на учесници околу 30.

Шах

Државно првенство во машка конкуренција - финале 12 шахисти. Организатор – Прилеп. Број на учесници околу 80.

Кошаркарски камп - Државно првенство во баскет - мажи и жени

Носител Охрид. Број на учесници околу 120.

Спортска манифестација - Багминтон во машка и женска конкуренција

Број на учесници околу 40.

Спортска манифестација - Одбојка на плажа во машка и женска конкуренција  

Број на учесници околу 60.

   На овие спортски манифестации се очекува активно учество (спортисти, организатори и волонтери) да земат преку 1.500 глуви лица.

Меѓународни натпревари

   Европската и Светската спортска асоцијација на глуви за оваа година целата програмска активност ја усредочија на Олимпијадата на глуви DEAFLYMPICS, која ќе се одржи во Кинески Таипеи од 05-15 септември 2009 година.
   СФГМ планира на олимпијадата на глуви да учествува со тројца спортисти: во пливање, атлетика и стрелаштво.

   Во соработка со Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух „Кочо Рацин“ од Битола, за прв пат ќе се учествува во манифестецијата Deafdаys, која се одржува традиционално секоја година во Прешов - Словачка.
   На манифестацијата нашите ученици ќе учествуваат во натпреварите во футсал, до 15 годишна возраст.

Програмска цел

   Основна цел на програмата е анимирање на глувите лица, пред се младите, кои преку спортските содржини, ќе го истакнат својот потенцијал. За нејзина реализација потребно е целата база на организации преку општините, активно да работи на планот на омасовувањето на глувите спортисти, преку своите програми. Во никој случај несмее да се дозволи спортот да се организира стихијно, како што беше во изминатите години. Со јака база ќе произлезат и спортисти кои ќе можат достојно да ја претставуваат нашата држава и на меѓународен план.
   Посебно треба да се следи развојот на младите спортисти уште од раното детство па преку специјализираните установи за образование на глувите деца, пред се ЦОР „Кочо Рацин“ во Битола и средното образование ЦОР „Партение Зографски“ од Скопје.
   За разлика од здравите лица, каде вратите на клубовите и спортските објекти ширум им се отворени, кај глувите лица се јавува тој проблем поради јазичните бариери. Глуво лице да успее во некој клуб би требало да постигнува натпросечни резултати да се вклопи во некоја просечна екипа. Од таа причина, постои потреба од организација на спортови која ќе ги задоволи сите афинитети на глувите лица во спортовите за кои имаат предиспозиции.
За реализација на приоритетниот дел од програмата, неопходна помош ќе биде потребна од Агенцијата за млади и спорт.

Претседател на ИО СФГМ
Нанчо Трајанов